Во „ауди“ криумчарел 10 мигранти од Сирија - заврши зад решетки
Поднесена е кривична пријава против 37-годишниот Д.П од Богданци поради криумчарење на мигранти.
„На 21.11.2024 на регионален пат во правец кон Неготино, пријавениот бил затекнат како со возило „ауди А6“, негова сопственост, прифатил 10 мигранти од Сирија, од кои еден малолетник. Од судија на претходна постапка, одредена е мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во билтенот на МВР.
25.11.2024 - 17:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа