Била пријавена за исчезната, па телото и го нашле во стомак на ајкула
68-годишната Американка Колин Монфо исчезнала на 26 септември во морето во Индонезија додека нуркала околу островот Пулуау Реонг, а нејзиното тело неколку дена подоцна го пронашол локален рибар, во стомакот на ајкула.
Монфо тргнала да нурка, но никогаш не излегла на површина, бидејќи налетала на силна морска струја, пишува францускиот весник Фигаро.
Делови од нејзиното тело биле откриени од локален рибар неколку дена подоцна, во стомакот на ајкула, на 120 километри од островот Пулуау Реонг, од каде Монфо тргнала на нуркање.
„Мислев дека ајкулата проголтала пластика или рибарска мрежа“, рекол рибарот, потврдувајќи дека подоцна сфатил дека во стомакот на рибата се наоѓаат остатоци од жена. Монфо била на одмор со сопругот Мајкл кога се случила трагедијата, а по грозоморното откритие била прогласена за мртва.
„Нејзините отпечатоци од прсти ги користат американската амбасада и локалната власт како доказ за смртта. Тоа немаше да биде возможно доколку ајкулата ја нападнеше пред неколку недели“, изјавила пријателката на жртвата, Ким Сас.
Според неа, нејзината пријателка била одличен нуркач и дека успешно извела повеќе од илјада нуркања.
Сопругот на Колин Монфо, Мајкл, вели дека Монфо не би сакала да знае дека „поради неа умрела ајкула“ и дека нејзината смрт придонела за лошата репутација на овие морски предатори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа