Билбиловска: Нема да се гради никаков објект на фудбалското игралиште во дворот на ООУ „Киро Глигоров“

 

Изминатите неколку денови фудбалското игралиште во ООУ „Киро Глигоров“ е актуелно во јавноста за договорот за отстапување на користење на приватна компанија.

Директорката на училиштето, Билјана Билбиловска во изјава за „Макфакс“ вели дека не се вистина тврдењата дека на игралиштето ќе се гради кафе бар или некаков друг придружен објект.

„ Никакви други дополнителни дејности како кафе бар не се во договорот ниту пак некогаш биле предмет на дискусија. Во нашата работа, интересот на децата ни е секогаш на прво место. Оттука, сметам дека навистина е неблагодарно да се доведуваат во заблуда родителите за изградба на некаков објект во училишниот двор, уште повеќе тој објект да биде кафе бар, ресторан“ вели Билбиловска.

Таа нагласи дека училишниот двор останува отворен 24 часа секој ден.

11.05.2022 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега