Јаневска соопшти до кога ќе трае зимскиот распуст на учениците
Mинистерката за образование и наука, Весна Јаневска на прашањето дали ќе има промена на датумите за зимскиот распуст за учениците во основните и средни училишта одговори дека нема промена.
Учениците со одмор почнуваат од 1 јануари, а распуст завршува на 18 јануари, со што на настава учениците и професорите почнуваат од 20 јануари, во понеделник, рече Јаневска.
02.12.2024 - 14:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа