Благо намалување на инфлацијата во февруари

 

Инфлацијата во февруари бележи благо опаѓање во споредба со јануари. Државниот завод за статистика измени 16,7% инфлација во февруари, споредено со истиот месец лани, додека во јануари стапката беше 17,1%.

Според Државната статистика, храната и пијалоците оваа година се поскапи за 25,3%. И ова е ставка кај која се бележи најголем раст.

Потоа следуваат цените во рестораните и хотелите, каде Државата статистика измерила 20,6% раст.

Следната ставка со најголем раст е „мебел, покуќнина, редовно одржување во домаќинствата“, каде се бележи раст од 17,8%.

Транспортот е поскап за 8,8% споредено со лани, но се бележи пад врз основа на податоците од јануари, и тоа за 3,3%.

 

 

07.03.2023 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега