Нема простување за бучава во Аеродром: Угостителски објект ќе се олесни за 6.000 евра
Општина Аеродром изрече и наплати парична казна во висина од 6 илјади евра на правно лице за надминување на максимално дозволеното ниво на бучава.
При мерење на бучава од страна на инспекторите за еден од угостителските објекти на териоторијата на Општина Аеродром е констатирано дека правното лице го нарушило мирот на граѓаните со штетна бучава. Имено, врз основа на член 50 став 1 од Законот за заштита од бучава во животната средина, нивото на бучава при вршење на угостителската дејност треба да е во рамките на пропишаните гранични вреднисти, стои во објавата на општина Аеродром.
10.03.2025 - 17:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа