Блеј Лејвли си ја олесни душата: Тешко ми е да ги гледам секс сцените на мојот сопруг на филм
Актерката Блејк Лејвли неодамна призна дека и е тешко да ги гледа секс сцените што ги снимал нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс.
Имено, таа за медиумите изјавила што мисли за тоа што Рајан Рејнолдс се согласил на вакви сцени, наведувајќи дека за неа тоа било вистинска тортура. Таа објасни дека еднаш во текот на летото се нашла во непријатна ситуација со нејзината ќерка Џејмс, бидејќи сите сакале да го гледаат филмот „Deadpool“ во кој главната улога ја има Рејнолдс.
-Бев во авион со моето дете. Тоа е малку мачење бидејќи сум во авион и каде и да погледнам, секој екран го прикажува мојот сопруг во интимни сцени со друга жена. Сите сакаат да го гледаат „Deadpool“ во авион. Сите. Тоа е сурова и необична форма на мачење. Тогаш ќерка ми вели: „Тато“. Таа почнува да го гушка и бакнува екранот и да му мавта, а тој не и возвраќа. Таа не разбира зошто тој не и мавта бидејќи мисли дека тоа е како FaceTime, рече Лејвли.
Инаку, оваа двојката е позната по тоа што често се шегува меѓу себе на социјалните мрежи, а ништо поразлично не беше и минатиот месец, кога за време на Суперболот беше објавен долгоочекуваниот трејлер за третиот дел од филмот „Deadpool“.
По трејлерот, Рејнолдс сподели фотографија на Инстаграм на која стои покрај ТВ екранот на која се прикажува трејлерот за „Deadpool“. Напиша дали сите го виделе трејлерот и дали некој ја видел неговата сопруга.
Парот е во брак 12 години и заедно имаат четири деца – ќерките Џејмс, Инез и Бети. Интересно е што полот и името на четвртото дете се уште не се откриени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа