Богоев: Ќе растат платите, но ќе расте и продуктивноста во Царината

 

Усогласување на Колективниот договор со законот и со општиот колективен договор што ќе значи и зголемување на платите на царинските службеници, како и изготвување на заеднички План за борба против корупцијата со Синдикатите - најавува директорот на Царинската управа Стефан Богоев во гостување на ТВ 21.

Царинските службеници треба да добиваат 30 проценти додаток поради посебните одговорности кои произлегуваат од нивната работа. Поддршка има и од Министерството за финансии, каде се свесни за тоа колку е круцијална работата на царинските службеници кои полнат скоро половина од Буџетот на државата.

„Практично сега сме во фаза, летово, на усогласување на нашиот колективен договор со законот и општиот колективен договор и мислам дека тоа на крај ќе биде на огромно задоволство на вработените во Царинската управа. Целиот тој тим во Министерството е навистина кооперативен. Свесни се важноста на нашата работа, за важноста на царинските службеници и ќе излезат комплетно во пресрет“, нагласи Богоев.

Во врска со новите смени на кадри во Царинската управа, Богоев вели дека се направени повеќе промени во инспекторските места, како и пополнување на испразнети позиции. Од превентивни причини се направени промени на позиции на коишто поради специфичноста на работата е пожелно после одредено време да се направи промена.

09.08.2023 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега