На повредениот му пукале во нога додека се шетал - МВР со детали за хаосот во Чаир

 

Денеска (14.10.2024) околу 18.10 часот од  ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од  Скопје, со  прострелна рана во ногата. Повредениот бил донесен од страна на неговиот брат, кој појаснил дека додека Е.А. се  движел пеш по ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје му се приближило едно лице кое му пукало во ногата, најверојатно поради должничко-доверителни односи, соопштија од МВР за Прес 24.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

14.10.2024 - 20:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега