Бојан го чува полиција на Клиника - Ја уби поранешната сопруга, па проба да си пресуди

 

Бојан Р. од околината на Крагујевац во Србија, и понатаму е сместен на Клиниката во Белград, откако ја уби својата сопруга Билјана со десет убоди од нож, па сам си зари нож во вратот, во обид да се самоубил, но неуспешно.

Тој е под постојан надзор на лекарите, а посети се забранети за него. Во собата влегуваат само лекарите и полицијата.

Стравичното убиство се случи кога Бојан Р. брутално ја усмрти својата поранешна сопруга која имала 41. година, во Крагујевац, нанесувајќи и повеќе од десет убодни рани во пределот на градниот кош. 

Како што пишува српски Блиц, според неофицијални податоци, тој со жртвата има две деца, син и ќерка кои се седмо и трето одделение.

Телото на жртвата е пронајдено покрај една нива, до која имало и автомобил, а засега сеуште не е утврдено во чија сопственост е возилото.

Бојан бил осудуван за повеќе кривични дела.

16.05.2025 - 09:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега