Бомби пронајдени во Тетово - биле покриени со лисја и земја

 


Вчера во 13.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во шумскиот предел во атарот на с.Ѓермо, тетовско, И.И.(38) од с.Ѓермо пронашол две неексплодирани рачни бомби – кашикари, покриени со лисја и земја.

Полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител бомбите биле подигнати од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.

14.10.2024 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега