Брачна двојка и нивната ќерка од Турција се изгубиле низ шумските патишта патувајќи од Кичево кон Дебар


Вчера година околу 23.30 часот, во координирана акција на полициските службеници од ОВР Дебар и ОВР Кичево, на стариот пат Кичево-Дебар, кај месноста „Лопушник“, пронајдени се трите лица, поточно брачна двојка и нивната малолетна ќерка, сите од Република Турција, кои претходно, околу 21 часот, пријавиле дека со својот автомобил „шкода“, патувајќи од Кичево кон Дебар, се изгубиле низ шумските патишта.

Сите тројца биле во добра здравствена состојба.

13.04.2024 - 13:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега