БРАКО и Грин Машинс продолжуваат да ја освојуваат Америка - еколошките возила претставени на саем во Сиетл
Еколошките и високо технолошко напредни возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО, од линијата Грин Машинс, продолжуваат да го освојуваат северно-американскиот континент.
По учеството на саемот во Тексас, американската филијала на Грин Машинс се претстави и на Саемот за електрични возила и опрема кој се одржа во Сиетл, 15-от по големина град во САД, лоциран во северната сојузна држава Вашингтон.
На настанот, кој го организираше Секторот за транспорт на градот Сиетл, беа претставени двата најпродавани електрични модели 400 ze и 500 ze, за кои постои голем интерес во САД.
„Електрификацијата на сите сектори, особено во транспортниот сектор е тренд во САД и локалните и сојузните власти прават напори граѓаните да добијат уште подобри услови за живот и уште позаштитена животна средина. Нашите електрични и водородни модели во целост ги задоволуваат сите критериум за еколошко живеење и чисти градски средини“, велат од американското претставништво на Грин Машинс.
Според проценките на експертите електричните возила на Грин машинс се одликуваат со висок степен на ефикасност при отклонување на нечистотиите на градските улици, тротоари, пешачки патеки и други површини, имаат нула штетни емисии во воздухот и се екстремно тивки во работата со што имаат позитивен импакт во ионака бучните градски средини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа