Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли
Бред Пит поднесе тужба против поранешната сопруга Анџелина Џоли кога дозна дека таа тајно му го продала својот удел во заедничкиот имот во Франција „Шато Миравал“ на руски олигарх.
Пит (58) поднел тужба против Џоли (46) кога открил дека таа склучила договор со рускиот олигарх Јуриј Сефлер, кој сега стана косопственик на замокот и на винарницата.
Бред во судските документи тврди дека тој и Џоли првично ја купиле винарницата во 2008 година за 28,4 милиони долари, во тоа време таа вложила 40 отсто од средствата (околу 11,3 милиони долари).
Бред сега сака судијата да ѝ наложи на Џоли да го поништи договорот откога Tenute del Mondo со судски документи обелодени дека таа ја финализирала продажбата без негово знаење.
Актерот го известува судот дека тој и Џоли се договориле да не го продаваат својот удел без согласност на другата страна.
Според документите поднесени до судот во Лос Анџелес, а до кои дојде „Њујорк пост“, Џоли профитирала од наводната продажба без знаење на Пит скратувајќи му го правото на согласност и правото на одбивање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа