Бредли Купер ужива во друштво на ќерката
Бредли Купер беше забележан во Менхетн во четвртокот со својата петгодишна ќерка Леа де Сејн во пресрет на неговиот 48. роденден.
Актерот се чини дека ја носи Леа на училиште.
Мајката на Леа, супермоделот Ирина Шајк (36), не беше со нив, но медиумските шпекулации за помирување меѓу неа и Бредли и понатаму кружат.
Носејќи ѝ ги розовиот ранец на Леа и јакната со леопард-принт, актерот ја презеде улогата на расположен татко додека ја држи преслатката ќерка за рака водејќи ја низ улиците на Менхетн.
05.01.2023 - 23:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа