Британски доктори бараат да се намали периодот меѓу втората и бустер дозата од 6 на 3 недели

Минималното растојание во Британија за бустер дозата за  „Ковид“ вакцината ќе се преполови од шест месеци на три, откако владата го прифатила советот од својот регулатор за вакцини да ја забрза програмата за ограничување на ширењето на варијанта.

Министерот за здравство, Саџид Џавид, потврди дека на сите возрасни ќе им биде понудена трета доза, откако Мешовитиот комитет за вакцинација и имунизација (JCVI) објави дека времето на чекање се намалува за сите возрасни, а приоритетот за резервација ќе го одлучи NHS. .

Регулаторот препорачал на возрасните од 18 до 39 години да им се понудат трети дози со намалување на јазот помеѓу втората и третата доза од најмалку шест месеци на најмалку три месеци, објави Гардијан.

Говорејќи нешто подоцна во Парламентот, Џавид рече дека вакцинирањето со трета доза ќе биде раздвоено по возрасни групи, а постарите луѓе први ќе бидат поканети за бустер дозата.

JCVI советува дека сериозно имунокомпромитираните лица треба да бидат подобни за бустери три месеци по вакцинацијата со двете дози. Комитетот, исто така, препорачал младите на возраст од 12 до 15 години да можат да ги добијат вторите дози.

„Го прифатив овој совет во целост“, им рече Џавид на пратениците, наведувајќи ги и претходно најавените мерки во обид да се спречи ширењето на омикрон, вклучително и ограничувања за патувањата, задолжителна самоизолација за блиски контакти на луѓе кои се позитивни на оваа варијанта и задолжително маски во јавниот превоз и во продавниците во Англија.

Бројот на потврдени случаи на варијантата омикрон во Британија достигнал 11, рече тој.

 

 

29.11.2021 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега