Британски министер: Нападите на САД и Велика Британија испратија најјасна порака до Хутите

 

„Новата рунда британски и американски напади против Хутите во Јемен имаше за цел да испрати најјасна можна порака до бунтовниците дека нападите врз товарни бродови се неприфатливи“, рече британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

Камерон рече дека британските вооружени сили „ќе продолжат да ја намалуваат“ способноста на Хутите да вршат напади се додека нивната „целосно неселективна“ кампања на вознемирување на Блискиот Исток продолжува.

Камерон рече дека Британија продолжува со својата воена акција против Хутите додека тие продолжуваат да напаѓаат товарни бродови.

Лондон и Вашингтон нападнаа цели на бунтовниците ноќта меѓу 11 и 12 јануари, а во последните денови САД извршија нови напади. И покрај западната интервенција, товарните бродови и понатаму се цел на напади на оваа важна глобална трговска рута која води до Суецкиот канал, низ кој минува 15 отсто од светскиот поморски транспорт на стоки.

Меѓународните бродски компании мораа да ги пренасочуваат товарните бродови, што ги прави патувањата многу подолги и поскапи.

23.01.2024 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега