Брнабиќ: Србија стигна до два милиони вакцинации - успех на сите нас
Вечерва достигнавме 2.000.000 вакцинации, објави синоќа премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на Инстаграм и оцени дека тоа е заеднички успех.
„Ова е заеднички успех на сите нас – лична одговорност на граѓаните и можноста на државата да набави вакцини и да спроведе масовна имунизација. Мора да бидеме свесни дека ова во никој случај не е крај, туку голем чекор во правилна насока. Носењето маски и одржувањето дистанца сѐ уште се задолжителни“, напиша Брнабиќ.
Во објавата таа истакна дека вакцинирањето и почитувањето на епидемиолошките мерки ќе доведат до конечна победа над коронавирусот.
Претходно вчера, Брнабиќ, најавувајќи состанок со медицинскиот дел на Кризниот штаб, навести дека ќе се засилат епидемиолошките мерки, а белградските медиуми по тој состанок објавија дека одлуката за нови ограничувања се очекува денеска.
View this post on Instagram
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа