Легендарната сендвичара ќе биде срушена: На местото на „7-ца“ во Центар ќе се гради зграда
Легендарната скопска сендвичара „7-ца“ во Центар ќе оди во заборав. Од 1 септември работи со скратено работно време, преку недела до 17 часот, а во сабота до 19 часот.
Причината за тоа е што објектот ќе се руши поради изградба на нова зграда. Известувањето е објавено и на нивната веб страница. Засега нема информации дали компанијата планира да отвори уште една сендвичара во Центар, како замена за оваа.
Исто така, и локалот „Глуво Куче“ се сели на нова локација. На старото место исто така ќе се гради зграда, па „Глуво Куче“ сега се сели во близина Градежниот факултет во Дебар Маало.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа