Бројсова терапија: Како да направите сок чај за закрепнување и чистење на телото

 

Излечените од рак се колнат во овој рецепт кој го осмислил австрискиот доктор: Терапијата трае 42 дена!

Рудолф Бројс од Австрија целиот свој живот го посветил на пронаоѓање на најдобриот природен лек против рак. Направил посебен сок кој дал одлични резултати во лекувањето на оваа болест.

Со помош на својот метод, излекувал преку 45.000 луѓе од рак и други тешки болести. Според Бројс, спасот од рак се само белковините.

Затоа, тој осмислил посебен пост во траење од 42 дена, во текот на кој се пијат само чаеви и овој посебен сок од зеленчук, а главната состојка е цвеклото.

Во текот на овие 42 дена клетките на ракот гладуваат и умираат, додека здравјето на комплетниот организам се подобрува.

Бројсовиот сок се прави само од еколошки одгледан зеленчук без пестициди. Сокот може да се направи и дома од домашен зеленчук, а еве од што се состои:

-цвекло 55%

-морков 20%

-корен од целер 20%

-компир 3%

-црна репка 2%

Важно е да се напомене дека со сокот од цвекло не смее да се претерува, туку потребно е да се консумира според потребите на терапијата. Така на пример, за лекување на рак на црн дроб, Бројс препорачува максимална доза од 500 мл сок на ден приготвен според неговиот рецепт.

Цвеклото е веќе традиционално познат лек за леукемија. Ја содржи аминокиселината бетаин која има антиканцерогени својства. Терапијата со цвекло, која подразбира секојдневно консумирање на сок од цвекло или сирово рендано цвекло има докажано позитивен ефект врз леукемијата и многу други видови на рак, за што сведочат илјадници луѓе.

Редовното консумирање на цвеклото помага и против болести предизвикани од оксидативен стрес, а влакната кои ги содржи цвеклото може да го намалат нивото на холестеролот и до 40%.

Цвеклото е познато и по тоа што го нормализира крвниот притисок и помага во сочувување на еластичноста на крвните садови. Цвеклото спречува и лекува проширени вени, ако секојдневно се консумира во период од месец дена, со неколку седмици пауза.

Железото од цвеклото е моќно средство за чистење на организмот од токсини и изградба на крвта. Токму поради тоа цвеклото е ефикасно и во лекувањето на многу болести предизвикани од токсични материи.

Цвеклото особено се препорачува за бремени жени бидејќи е богато со фолна киселина. Покрај тоа, цвеклото ја стимулира работата на црниот дроб и жолчното кесе, спречува запек, одличен лек е за гихт, болести на бубрезите и жолчната кеса.

Но неговата лековитост тука не завршува, цвеклото е неверојатно лековито и помага при главоболки, забоболки, дизентерија, болки во коските, кај кожни и менструални тегоби.

Целата терапија Бројс ја има опишано во 3 книги кои се преведени на сите светски јазици. Во текот на овие 42 дена тој препорачува гладување и пиење на сокови и чаеви. Има и посебно составена мешавина за чај, односно имал три вида мешавини од билки кои ги користел за лекување на сите видови рак. За секој посебен канцер имал различен диетален режим, но сите го вклучувале овој сок и мешавината од чаеви.

17.02.2022 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега