Буџетот за поддршка на проекти во културата за годинава е 12,5 милиони евра
Буџетот за поддршка на проекти во културата за оваа година изнесува 12,5 милиони евра, информира на денешната прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Аплицирањето за годишните конкурси за финансирање проекти, како што посочи министерката, за првпат се спроведе на националниот портал за е-услуги и за првпат решенијата за прифатени, одбиени и отфрлени проекти ќе бидат електронски испратени на профилот на корисниците.
-Во електронскиот систем се евидентирани 3 355 релевантни пријави, поради нецелосна документација во согласност со општите услови од конкурсот административно се отфрлени 332 пријави, има и примери кога апликантите не ги насочиле своите проекти во вистинска дејност и аплицирале во дејност каде не припаѓаат, а има и неколку случаи кога наместо документ за тековна состојба на правно лице не постара од шест месеци бил прикачен празен лист, и неколку случаи каде не бил активен статусот на здружението, рече Костадиновска-Стојчевска.
Со целосно аплицирање на електронски начин, како што додаде, значително се зголемила ефикасноста на работата при административната селекција на проектите. Оваа година е избегната практиката констатирана претходно, проекти со нецелосна документација да бидат предмдет на разгелдување од страна на комисиите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа