Бугарското МНР проверува дали претседателот на бугарскиот клуб во Струга бил нападнат поради омраза
Бугарското министерство за надворешни работи објави дека добиле информација за напад извршен денеска врз претседателот на бугарското здужение „Шемето“ од Струга.
„Според првичните податоци, на жртвата и’ била укажана лекарска помош и била примена во локална болница“, велат од бугарското МНР.
Се додава дека вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен и сега се наоѓа во градот Струга.
„Во моментов се расчистуваат фактите околу случајот и дали е резултат на кривично дело од омраза“, се наведува во соопштението на бугарското МНР.
Еден од основачите на бугарскиот клуб „Шемето“ во Струга, Бекир Кадриески, бил натепан од маж од струшко село. Од МВР објавија дека станува збор за нарушен ред и мир и дека постапиле, додека бугарските медиуми, на нападот му даваат етнички предзнак, по тврдењето на Кадирески дека бил цел поради бугарската самосвест.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа