Пајак му го дигнал „фолксвагенот“, сам си го зел од претпријатието: Пријава за стружанец
Стружанец без дозвола упаднал на паркинг и го зел своето возило подигнато од шлеп службата на ЈП Билјанини извори, информираше охридската полиција. СВР Охрид поднесе пријавата за „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик за 51-годишниот Р.И.
„На 10.01.2025 пријавениот отишол во јавното претпријатие „Комуналец”, со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставаат возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП Билјанини извори, го земал своето возило „фолксваген поло” со струшки регистарски ознаки, кое претходно било подигнато од шлеп службата на претпријатието и заминал“, се вели во полицискиот билтен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа