Бурен љубовен живот на Хари Мата Хари: Десет години ја изневеруваше сопругата со која има две деца, подоцна дознал дека има и вонбрачен син
Љубовниот живот на Хари Варешановиќ, водач на популарната група „Хари Мата Хари“, во минатото бил доста бурен.
Имено, пејачот се заљубил во Аида во младоста, кога Хари имал само 19 години, а двајцата се венчале на крајот на 1983 година. Церемонијата на ветување вечна љубов и верност се одвиваше интимно, без многу помпа, во кругот на пријателите, а две години подоцна (во 1985 година) се роди нивната ќерка Надја.
Варешановиќ во едно интервју призна дека во тоа време бил премлад и неподготвен за улогата на татко, а речиси една деценија подоцна (во 1994 година) во бракот со Аида го добил синот Дамир.
Сепак, дури подоцна излезе на виделина дека пејачот две години претходно (1992 година) имал вонбрачен син Мак, за што самиот Хари дознал многу подоцна во животот, што било само една од причините за раскинувањето на неговиот прв брак со Аида.
Дополнително, Варешановиќ отворено проговори за тоа дека во далечната 1994 година ја запознал својата втора сопруга Јасминка и дека дури тогаш сфатил што е вистинска љубов.
Во интервјуто кое го даде во 2006 година, пејачот отворено зборуваше за природата на неговиот прв брак со Аида.
-Влегов во музиката поради самата музика, а не за работите што доаѓаат со таа професија. Никогаш не сум имал проблем со дрога, алкохол или коцкање. Единствено што не заштедив беше мојата сопруга, а тоа е еден од нуспроизводите што оди со музиката, а тоа е мојот омилен порок. Имав мали недоразбирања со сопругата, но ретко. Секогаш и велам: “Кој е крив? Ти си избра сама. Ти ме избра мене, не јас тебе”. Веќе бев дефиниран како музичар на 20 години и мојот животен пат беше познат. Иако, сè во животот може да се надмине. Останав во брак со жена ми, компромисен брак. Поради децата, изјави тогаш Хари, признавајќи дека цела деценија живеел на релација Сараево-Минхен поради Јасминка, со која подоцна се оженил (во 2010 година), по разводот со Аида.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа