Целиот живот се борела со дебелината: Кога ја сменила оваа навика, успеала да симне дури 17 килограми
Мелоди Велс со години била убедена дека не може да ослаби, а со текот на времето тој ментален пристап ја довел до тоа да почне да се дебелее сè повеќе.
„Кога во 2014 година застанав на вагата, бев шокирана од бројката што ја видов. Имав точно 94 килограми. Тогаш ми стана јасно дека доколку не направам нешто, ќе завршам со дијабетес. Тој момент ми беше пресврт.“
Еве што променила:
Признава дека никогаш не сакала да оди во вежбалница, но сега знае дека тоа било така поради тоа што не нашла програма што ѝ одговара.
„Страшно ме заморуваа кардиотренинзите, а мислев дека тоа е единствениот пат до вита линија. Меѓутоа, потоа ги открив вежбите за сила и вежбите со тегови. Овој вид на тренинг исклучително ми годеше, па не ми беше тешко неколку пати неделно да одам во вежбалница.
Имав уште една заблуда дека нема да можам ништо да постигнам без личен тренер, но тоа не е вистина. Само ако имате добра волја, сè е возможно.“
Што се однесува до исхраната, Мелоди применила само едно нешто.
„Ја исфрлив вечерата и резултатите веднаш станаа видливи. Ако бев многу гладна, пиев шолја јогурт и јадев парче двопек.“
Исто така, од исхраната ги исфрлила десертите, грицките и газираните сокови.
Денес, кога има 17 килограми помалку, порачува дека возможно е да се симнат килограмите само ако имате доволно силна желба.
„Секогаш мислев дека потребна е драстична диета за да исчезнат килограмите, а денес знам дека клучот е балансираната исхрана“, завршува таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа