Целосна реконструкција на кујните и трпезариите во училиштата „Блаже Конески“ и „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром
Изминатиот период Општина Аеродром започна активности за целосна реконструкција на кујните и трпезариите во основните училишта „Блаже Конески“ и „Лазо Ангеловски“. По завршување на реконструкцијата која ќе заврши пред почетокот на новата учебна година, двете училишта ќе добијат нови кујни и трпезарии со имплементиран ХАСАП стандард. За прв пат оваа година оброците во училиштето „Блаже Конески“ ќе бидат целосно подготвувани во новата кујна.
Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна потенцираше дека Општина Аеродром подготвено ја дочекува новата учебна година и прави се таа да биде причина за радост и среќа кај дечињата.
„Грижата за учениците и подобрувањето на условите за одвивање на наставата ја потврдуваме и со низа градежни интервенции во неколку основни училишта. Овие инвестициите, набавката на новите таблети и униформи и субвенциите за учениците од прво одделение со сигурност ја прават Аеродром општина која обезбедува модерен и современ образовен процес“, истакна Муцунски во својата објава.
Аеродром е убава општина, со модерни училишта и современи услови за реализација на наставата. Преку проектите и инвестициите во образованието создаваме подобри услови кои се директен придонес за подобра едукација, раст и развој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа