Чајот од оваа билка е еликсир за целото тело: Ослободува од стрес и несоница, го подобрува варењето и е моќен антиоксидант
Маточината е билка со исклучително лековито дејство, а може да се одгледува во градина или на тераса во саксија.
Постојат разни придобивки од чајот од оваа билка, а некои од нив се ублажување на стресот, несоницата, нервозата и анксиозноста. Со вкусот и мирисот потсетува на лимон, а во традиционалната медицина се користи и кај разни тегоби, од здравје на дигестивниот тракт до зараснување на рани, како и кај зачувување на здравјето на срцето.
Чајот од маточина се употребува и кај желудочна киселина, надуеност, лошо варење и мачнини, а бидејќи е богат со антиоксиданти, позитивно влијае и на процесот на детоксикација. Истражувањата покажуваат дека маточината е водечка билка за смирување и мирен и квалитетен сон, а многумина ја нарекуваат и билка за „емоционално исцелување“.
Позитивно влијае и на женското здравје бидејќи ги намалува тегобите предизвикани од ПМС, а поседува и антивоспалителни својства.
Покрај чајот, маточината во служба на здравјето се користи и во вид на капсули, таблети и етерично масло.
Еве како да подготвите чај од маточина:
Прелијте една супена лажица суви листови од маточина со 200 мл. зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои 15 минути, а потоа процедете и уживајте во прекрасниот вкус. По желба можете да го засладите со една лажичка мед. Важно е маточината никогаш да не ја варите, туку исклучиво да ја прелиете со зовриена вода, со што ќе добиете здрав напиток.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа