Чекајќи автобус, се отворила земјата и го проголтала: Американец паднал во дупка длабока 5 метри, па го нападнале и стаорци (ВИДЕО
Американец кој чекал автобус на автобуска среде Њујоорк, го „проголтала“ земјата, а откако падна во дупката го нападнале стаорци.
Леонард Шолдерс паднал во дупка длабока околу пет метри што се отворила на тротоарот во Бронкс. За несреќата да биде поголема, парчиња бетон паднале на главата, а голем број стаорци го нападнале во дупката, пренесува NBC New York.
Според неговата мајка, Шолдерс бил повреден, тој ги скршил раката и ногата, но стравот што го претрпел поради стаорците кои го „затрупале“ е полош од повредите.
Снимките направени од безбедносните камери покажуваат дека тој одеднаш пропаѓа низ тротоарот. Случајните минувачи истрчаа да видат што се случило, а мајката на Шолдерс вели дека тој не смеел да повикува помош од страв да не му влезат стаорци во устата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа