Лукровски и Ѓорѓиевски на средба со Влатко Стефановски: Си ветивме дека заедно ќе го вратиме сјајот на Скопје
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски денеска на својот Фејсбук профил објави дека имал чест заедно со кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски да се сретне со еден иклучителен карпошанец, Влатко Стефановски, од кого како што посочи слушнал многу убави предлози во сферите на културата и музиката и изрази надеж дека ќе биде дел од нивниот тим.
-Денес имав особена чест да поразговарам со еден исклучителен карпошанец, Влатко Стефановски. Музичка величина, од светски ранг. Заедно со мојот пријател и иден градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, разговаравме со Влатко на скопски културни и музички теми. Слушнавме мноштво убави предлози и се надеваме дека ќе биде дел од нашиот тим кој ќе рашири љубов низ цело Скопје, низ нашиот Карпош. Се присетивме и на легендарното „Клубче" во Тафталиџе, на сите музички легенди кои баш таму ги направија своите први музички чекори. Во наше Тафталиџе, во нашиот Карпош. Си ветивме дека заедно ќе го вратиме сјајот на Скопје, а со тоа и на Карпош. Така и ќе биде, напиша Лукровски во објавата
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа