Често ве боли стомак - овие комбинации на храна кои постојано ги јадеме се можни виновници за тоа

 

Лошите комбинации на храна можат да доведат до болки во стомакот, надуеност, замор, гасови и непријатност. Ако продолжите да консумирате погрешни комбинации на храна подолг временски период, тоа може да доведе до осип, хронични дигестивни проблеми и лош здив.

Исто така, комбинирањето на некомпатибилни намирници може да ви одмогне во обидот да ослабнете. Кога станува збор за листата на оние кои не треба да се мешаат, се истакнуваат високопротеинските намирници, како и комбинациите на цитрусно овошје со млеко кои можат да ѝ наштетат на дигестијата.

Две високопротеински намирници

Јајцата и сувото месо се популарни намирници за појадок, но препорачливо е да се избегнува оваа комбинација. Овие две намирници се богати со протеини и се тешки за вашиот стомак со што ќе биде потребно повеќе време за да се сварат и двете. Прво треба да јадете лесни протеини, а потоа месо.

Цитрусно овошје и млеко

На млекото му е потребно подолго време за да се свари, а кога земате млеко заедно со лимон или кое било цитрусно овошје заедно, млекото се згрутчува.

Некои луѓе се исто така нетолерантни на лактоза, што значи дека не можат да ја сварат лактозата присутна во млекото.

Млеко и банана

Комбинацијата на млеко и банана е тешка и одзема многу време за да се свари. Додека се вари храната, ќе се чувствувате уморни. Ако сакате да пиете млечни шејкови од банана, додајте прстофат цимет или морско оревче во прав за да го подобрите варењето.

Овошје со оброк

Овошјето лесно се вари, но кога се консумира заедно со оброк тоа може да трае подолго. Така, додека храната не се свари, овошјето се задржува во желудникот и почнува да ферментира. Обидете се да избегнувате да јадете овошје со или веднаш по оброкот.

Сирења со ладен пијалак

Кој не сака пица со газиран сок? Колку и да звучи примамливо, оваа комбинација не е добра за вашето здравје. Треба да избегнувате да пиете ладни пијалаци со јадења што содржат разни видови сирења и кашкавали бидејќи комбинацијата може да доведе до тешкотии во апсорпцијата. Исто така, може да предизвика непријатност и болки во стомакот.

11.01.2022 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега