Чичкото на Ѓоковиќ избран за прв човек на српскиот тенис
Горан Ѓоковиќ, чичко на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, денеска е избран за претседател на Тенискиот сојуз на Србија (ТСС).
Ѓоковиќ е избран на вонредното собрание на ТСС во Белград, а доаѓа на местото на Мирко Петровиќ, кој се пензионираше по девет години на чело на Федерацијата.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите за изборот. Моето искуство во тенисот е главно преку Новак, но, исто така, бев на чело на Србија опен и на Софија опен седум години. Мојата цел е да го подобрам она што почнавме да го правиме. Финасиите се основа на сè“, рече Ѓоковиќ.
Тој им се заблагодари на поранешниот претседател Мирко Петровиќ, но и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Немаме сопствени простории, немаме Национален центар за обука и сакам да го решиме тоа. Тоа е желба на сите наши играчи и јас не би се кандидирал за ова место доколку во сè уште ја немаме поддршката од претседателот на Србија, Александар Вучиќ“, рече Ѓоковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа