ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е таа која што го дестабилизира Скопје

 


Арсовска продолжува да тоне во безидејност, бидејќи не се покажа на функцијата која што ја доби од граѓаните, па почна да прави театар низ главниот град, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Театарот на Арсовска е по насока на нејзините коалициони партнери СДС и ДУИ, кои сеуште не можат да се помират дека се во опозиција и пробуваат да добијат што е можно поголема медиумска видливост, па пробуваат на секој можен начин да го искористат тоа.

Арсовска е активирана од СДС и ДУИ во предизборието, откако минатите години ги преспа и не направи ниту еден проект за граѓаните, ама направи за лица блиски до ДУИ и СДС.

Тоа што таа му дала на синот на Блерим Беџети 12 илјади евра за интелектуални услуги, не го исчисти Скопје од ѓубрето во кое се давиме секојдневно.

Циркузот на Арсовска е само од интерес на СДС и ДУИ. Скопјани го препознаваат тоа и затоа тие се во паника!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

04.06.2025 - 15:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега