Цифра од која боли глава: Колку би добила Меланија ако се разведе од Доналд Трамп

 

На Меланија Трамп не ѝ даваа мир ниту откако беше објавено дека нејзиниот сопруг, сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, ги загуби претседателските избори од Џо Бајден. Покрај тоа, сега се шпекулира дека сака развод, а главното прашање е – колку би чинел тој развод?

„Меланија ја брои секоја минута до нејзиното заминување од Белата куќа за да поднесе барање за развод. Да го оставеше и понижеше во текот на мандатот, тој ќе најдеше начин да ја казни“, тврди поранешната соработничка на Меланија Трамп, Омароса Маниго Њума, пренесоа медиумите.

Ако навистина дојде до развод, сите ги интересира колку ќе го чини тој развод Трамп. Плус, тој веќе има два разводи зад себе.

Разводот од првата сопруга Ивана наводно го чинел Трамп 25 милиони долари во готовина, годишна алиментација за неа и нивните три деца, како и недвижности.

Предбрачниот договор со неговата втора сопруга Марла имал клаузула за најмалку четиригодишно траење, но таа „се лизна“ кога почна да се дружи со својот телохранител.

Доналд поднесе барање за развод пред истекот на четвртата година од бракот, па предбрачниот договор стана неважечки, а Марла излезе од бракот со милион долари, помош за нивната ќерка Тифани и недвижности.

Колку би го чинел разводот од неговата сегашна, трета сопруга Меланија? Некои шпекулации зборуваат за околу 50 милиони долари, веројатно плус недвижен имот и годишна алиментација и поддршка за синот Барон што го имаат  и за кого Меланија очигледно би добила старателство.

Дури и ако тоа е точна информација, споменатата сума е вистинска ситница за американскиот претседател, чие богатство „Форбс“ го процени на 3,1 милијарда долари во март годинава. А, можеби предбрачниот договор содржи различни одредби, можеби тој бил дополнет кога Трамп стана претседател со цел да се одржи привидот за брачна хармонија за време на неговиот мандат, иако веројатно никој повеќе не верува во таа хармонија.

Ниту еден американски претседател не се разведе додека беше на функција, но гласините за разделба или развод веќе долго време го придружуваат бракот на Меланија и Доналд. Неговите скандали не се ништо ново, па вистинското прашање е зошто таа е сè уште со него, пишува „Слободна Далмација“.

Американските експерти за развод проценуваат дека претседателската должност на Трамп носи нова тежина во бракот и дека, иако тие сигурно имаат прецизен предбрачен договор, тоа може да донесе дополнителни финансиски придобивки за третата сопруга.

Тие исто така веруваат дека Трамп дополнително би ги „засладил“ условите за развод; ако Сторми Даниелс можеше да добие 130.000 долари за молчење за краткотрајна афера, колку може Меланија да добие за молчење за 13 години брак?

Многумина тврдат дека Меланија останува во бракот единствено заради синот Барон и неговата благосостојба. Таа е убедена дека стабилното семејно опкружување, ако воопшто може да се нарече така, е најдобро за него, бидејќи периодот откако неговиот татко влегол во Белата куќа и изложувањето на будното око на јавноста било доволно стресно за него.

Разводот, секако, би привлекол уште поголемо внимание и Меланија верува дека таквиот потег ќе им наштети на Барон и на неговото растење.

Сепак, една од можностите е дека, иако веројатно би го напуштила бракот со дарежлива сума, алиментација и недвижен имот, тоа не би било доволно за начинот на живот на кој се навикнала Меланија покрај нејзиниот сопруг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.11.2020 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега