Цинкот не делува ако се пие навечер: Во кој период од денот треба да ги земате суплементите за да имаат ефект?

 

За витамините и минералите кои ги земате со цел да го зајакнете имунитетот и да го подобрите здравјето, навистина да дејствуваат, важно е да ги земате во вистинскиот период од денот, бидејќи нивната апсорпција тогаш е најдобра.

Исто така, докажано е дека некои суплементи подобро делуваат на празен желудник, додека други се земаат исклучиво со храна, а некои комбинации на витамини и минерали можат да ја забават апсорпцијата, додека други овозможуваат правилно да делуваат во организмот.

Докторите напоменуваат дека суплементите не треба да ги земате самоиницијативно, туку со консултација со експерт и тоа по направени анализи кои укажуваат на одреден недостиг.

Витамини кои се земаат наутро

Витаминот Б12 е најдобро да се зема на празен желудник заедно со витамин Б1 и бакар. Витаминот Б12 го поттикнува создавањето енергија и затоа треба да се зема наутро на празен желудник.

Освен тоа, утрото е време за земање и на витамин Ц, кој може да се внесува со витамини Б12, Е и А. Додатокот на железо исто така се зема наутро, но со храна за да не му смета на желудникот, и истиот е важно е да не се зема во комбинација со цинк, витамин Е, манган или калциум.

Попладне

Во овој период од денот, витамините задолжително треба да ги земате со храна. Се препорачува тогаш да земате цинк, најдобро во комбинација со витамините А, Ц и Б12. Ако пиете цинк, одбегнувајте земање железо, бакар и витамини Б9.

Попладне треба да земате и витамин А, најдобро со витамините Ц и Е, како и со цинк.

Вечерни витамини

Со храна, за време или по вечерата, би требало да се зема витамин Д, најдобро во комбинација со калциум кој ја зголемува неговата апсорпција. Освен тоа, добра е комбинацијата и на витамин Д и рибино масло.

Пред спиење

За да ја подобрите дигестијата, земајте пробиотици околу 2 часа по вечерата. Пред спиење е идеално време и за земање магнезиум кој е добар во комбинација со калциум и со витамин Б6.

29.12.2021 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега