ЦУК: 1 920 повици на 112 во последното деноноќие, седум пожари на отворено


Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40 отсто, а 52,60 проценти  за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 71,20 отсто, кон итната медицинска помош 23,20 отсто, а кон пожарникарите 3,60 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно седум пожари на отворено во државата во последното деноноќие.

Регионалните ЦУК Скопје и Битола информирале за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово  за по еден изгаснат пожар на отворено.
ОД ЦУК соопштуваат за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица.

РЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 кг. во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас, се наведува во соопштението.

 

05.03.2024 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега