ЦУК: Ангелов и Тошковски го посетија делот од скопскиот аеродром каде што се лоцирани противпожарните авиони „ер трактор“

 

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска го посетија делот од скопскиот аеродром каде што се лоцирани противпожарните авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти ЦУК.

„Притоа, се сретнаа со цолокупниот присутен персонал и пилоти на ДЗС и им искажаа признание за храброста и пожртвуваноста за нивната постојана активност за справување со пожарите што се остварува во координација на ЦУК. Притоа, директорот Ангелов, непосредно, го запозна министерот Тошковски со самопожртвуваноста на воздухопловниот персонал, којашто евидентно е дека е секојдневна, бидејќи токму тоа се согледува при континуираната повеќегодишна координација од ЦУК, особено со голема фрекфенција остварувана во сезоните на пожари, за да се неутрализираат големите опасни пожари, како опасност по луѓето и материјалните добра во државата. Покрај непосредно запознавање со пилотите и техничките карактеристики на противпожарните авиони на ДЗС, а и со персоналот, Ангелов и Тошковски и се сретнаа и со екипите од Кипар и Германија, коишто преку Механизам за цивилна заштита на ЕУ учествуваат во гасењето на пожарите. Министерот Тошковски, кога се запозна со условите во коишто работат изрази жалење што тие се такви, како и за недостигот на кадар во ова одделение и за ниските плати. Инаку, припадниците на воздухопловниот дел од ДЗС, од кои некои се вратија и од пензија, заедно со екипите на Одделот за воздухопловни единици на МВР и на Воздухопловниот „винг“ на армијата се хероите кои секојдневно се во битката со пожарите со кои се соочува нашата татковина. За тоа, преку нивните изјави, се согласни и Ангелов и Тошковски.

Министерот Тошковски најави реформи на системот за справување со кризи, како од оперативен така и од материјално-технички карактер, и притоа изјави дека: „Се сложивме дека потребата од реформата на системот е голема, а тие остануваат тука се додека е потребно, заедно да ги спасиме нашите шуми и природни богатства. Министерството за внатрешни работи останува со сите свои капацитети да учествува во гасењето на пожарите и во пронаоѓањето лица кои учествуваат во нивно подметнување и ширење“. Од тројца пилоти со кои располагаше Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), оваа година остана само со еден, откако двајца исполнија услови за старосна пензија, но во меѓувреме беа повторно ангажирани поради големиот број на летни пожари“, стои во соопштението на ЦУК.

09.08.2024 - 15:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега