ЦУК: Се заканува опасност од поплавување на домовите во с.Горни Подлог

Денеска, Регионалниот ЦУК Штип информираше дека околу 13.00 на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за излевање на вода од водоводните канали во с.Горни Подлог, при што имаше опасност од поплава во домовите во селото, соопшти ЦУК.
 
По итната оперативна комуникациска координација за спечување на опасноста, РЦУК Штип извести дека веднаш од јавното претпријатие Водостопанство од Кочани излегле на терен и увиделе запушување на канал за вода и истите работат на расчистување и отпушување на каналот, за да се отстрани опасноста од поплава во домовите во с.Горни Подлог .
26.06.2024 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега