ЦУК со апел до граѓаните

 

Центарот за управување со кризи информира дека поради најавените високи температури во наредните денови, значително се зголемува ризикот од појава на пожари на отворени површини.

Центарот за управување со кризи упатува апел до сите граѓани:

-Бидете внимателни при движење или престој во шуми, полиња и други отворени простори;
-Избегнувајте употреба на запаливи материи (отворен оган, цигари, запалки, плински уреди и слично);
-Не палете отпад или сува вегетација — тоа може да доведе до пожари со катастрофални последици.
-Доколку забележите оган, дим или било какви активности кои можат да предизвикаат пожар:
– Веднаш пријавете на бројот за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК апелираат да не се злоупотребува бројот 112 за лажни дојави. Таквите постапки не само што ја нарушуваат работата на службите, туку може да предизвикаат сериозни последици по безбедноста на сите граѓани.

02.06.2025 - 20:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега