Трагедија го потресе светот: Пронајдени мртви три мали сестрички
Три сестри кои исчезнаа по тричасовна посета со нивниот татко се пронајдени мртви во Вашингтон по масовно пребарување.
Пејтон (девет), Евелин (осум) и Оливија Декер (5) беа пронајдени мртви во понеделник вечерта, што доведе до потрага по нивниот татко, Травис Декер (32), поранешен војник, под сомнение за киднапирање и убиство.
Полицијата предупреди дека Декер има „обемна“ воена обука и може да претставува „сериозна закана“, иако не е познато дали е вооружен. Во потрагата учествуваат локалната полиција, ФБИ и американските федерални маршали, а беспилотни летала и авиони се користат за пребарување на оддалечени шумски области.
Алармот беше кренат во петок, кога мајката на девојчињата пријави дека се исчезнати откако Декер не се врати од закажаната тричасовна посета. Полицијата започна потрага во текот на викендот за украденото возило во кое наводно живеел Декер.
Возилото е пронајдено во понеделник во близина на камп западно од Ливенворт, околу 70 милји источно од Сиетл, а телата на девојчињата се пронајдени „релативно блиску едно до друго“, соопшти полицијата.
Мајката на девојчињата им кажала на полицајците дека децата не се вратиле дома како што беше закажано во 20 часот во петокот и дека Декер бил недостапен по телефон. Полициски детектив рекол дека мајката е загрижена бидејќи Декер „никогаш порано не направил нешто вакво“ и „моментално има некои проблеми со менталното здравје“.
Декер се приклучил на американската армија во 2013 година, а во 2021 година, се префрлил во Националната гарда на државата Вашингтон, но ја прекинал обуката пред околу една година.
На жителите им е побарано да се држат подалеку од него и веднаш да се јават на 911 ако го видат. Постојат прашања дали имало доцнење во одговорот на властите, со оглед на тоа што полицијата веќе побарала „Амбер тревога“ во петокот навечер, но барањето не ги исполнувало потребните критериуми.
Дури откако детективите од Веначи обезбедија дополнителни информации во саботата, беше упатен официјален повик за помош во потрагата по исчезнатите лица.
Крис Лофтис, портпарол на патролата на државата Вашингтон, рече дека „доцнењето на родителите во враќањето на детето не е невообичаено и не води автоматски кон претпоставка за киднапирање“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа