Д-р Кон откри на кои места е поголема можноста да се заразите со Ковид 19 - предупреди дека вирусот од Белград ќе се шири на друга страна
Ситуацијата во Белград е неповолна, со тенденција за влошување, рекол епидемиологот и член на Кирзниот штаб во Србија, д-р Предраг Кон.
Според него, коронавирусот оваа и следната недела ќе биде многу активен во главниот град од каде ќе се расејува на други страни. Кон тврди дека е многу важно да се применуваат епидемиолошките мерки, пред се да се носи маска и да се намали прилив на луѓе во болниците.
„Не можеме да дозволиме да ги пополниме болници и да немаме каде да ги сместиме луѓето. Мораме да го намалиме приливот. Имаме неповолна ситуација во Белград, со тенденција за влошување. Назнака на добро е дека980 заразени во петок, а во вторник 943. Значи не оди од ден во ден нагоре, но мораме да почекаме неколку дена, во неделата сме кога вирусот е многу активен во Белград“, истакнал Кон.
Тој предупредил дека клубовите и забавната индустрија се места каде вирусот многу побрзо се шири.
„На такви места се зборува погласно и се лачат повеќе вируси. Не е исто да се седи каде што трешти музика и на некое мирно место. Тогаш се приближувате до луѓето со цел да разговарате и заразувањето е многу поголемо“, навел д-р Кон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа