Д-р Срцева: Ситуацијата со корона вирусот е целосно излезена од контрола

Сведоци сме на трицифрени бројки на новоинфицирани, а не убедуваат оти вирусот слабее, вели на рес конференција денеска д-р. Марија Срцева Јовановски.

– Неколку дена сведочиме на троцифрени бројки на новоинфицирани на дневна основа, како и, за жал, на починати, а сепак не убедуваат дека вирусот слабеел. Воопшто не е така. Ситуацијата со корона вирусот е  целосно излезена од контрола. Дополнително на сето тоа се зголемува и бројката на новоинфицирани здравствени работници.Четврти месец во борбата со корона вирусот и лошиот менаџмент, резултира со неконтролирано влошување на состојбата. Македонија стана црна точка во регионот и пошироко! Има многу новоинфицирани и починати за краток период. Она што се случува е поигрување со здравјето на граѓаните – вели д-р Срцева. 

Таа порачува дека не смее граѓаните да бидат оставиме сами на себе. Не смее и не може граѓаните да се виновни за оваа состојба.

– Затоа доста, доста беше залажување, доста со политики. Да се отстапи место на струката, на оние кои директно и секојдневно се соочуваат со последиците предизвикани од овој вирус. Кога ќе се стави ситуацијата со корона вирусот под контрола ќе имаме време за се, ќе ги отвориме сите теми. Сега единствен приоритет е здравјeто на граѓаните – вели д-р Срцева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.06.2020 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега