Да се отстранат дивите таксисти и да контролираат инспектори – скопските такси превозници испратија барања до Арсовска

 

 

Групацијата на скопските такси превозници соопшти дека денеска упатиле барање до Град Скопје за решавање на проблемите со такси превозот.

Тие бараат отстранување на 1.500 диви такси возила, како и инспекциска контрола за пријавени такси возачи.

Според групацијата, со тоа граѓаните ќе добијат делумно почист воздух и делумно намалување на сообраќајниот метеж во градот, како и околу 1.200 до 1.500 нови вработувања.

„Покрај средувањето на такси хаосот ќе има намалување на сообраќајниот метеж и намалување на загадувањето во град Скопје бидејќи најмалку 1500 диви такси возила ќе се отстранат, а тоа значи помалку издувни гасови од 24 тона гориво. Со инспекциска контрола за пријавени такси возачи во Агенцијата за вработување ќе имаме нови брзи вработувања минимум од 1200 – 1500 такси возачи, бидејќи ќе ги нема пензионерите, непријавените возачи ќе мора да се пријават, а тоа е месечно по минимум 200 илј евра повеќе во Буџетот. За решение на овој проблем потребни се 0 (нула) денари“, велат такси превозниците.

Решението, како што се наведува, некогаш не бара финансиски средства само треба да се сака да се реши.

13.03.2023 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега