Земјотрес ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала утрово ерегистриран во источниот дел на Албанија. Епицентарот се наоѓал 51 километар североисточно од Тирана, на длабочина од 15 километри.
Иако бил со релативно мала јачина, потресот бил почувствуван и во западниот дел на Македонија, посебно во дебарско-мавровскиот регион.
За среќа, нема пријавени материјални штети или повредени лица.
27.05.2025 - 12:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа