Деари: Верував за прв градоначалник Албанец во Кичево, верувам и за прв премиер Албанец

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Деари на денешната прес-конференција говореше за придобивките од Охридскиот рамковен договор, посочувајќи го Кичево како најсликовит пример.

„Кога соопштивме во 2013 година дека ќе се кандидирам за градоначалник, некои беа скептични. Но, ние верувавме. Се боревме за нашиот сон. И ние се обединивме како Албанци, заедно со другите малцинства. Во 2013 беше многу тешко, но во 2017 веќе се беше надминато затоа што за мене гласаа и Македонци, и Турци и Роми и сите други заедници без никакви предрасуди.

За прв пат во историјата на нашата земја, албански кандидат ќе се кандидира за премиер. За прв пат на парламентарните избори, ние Албанците стоиме храбро и со самодоверба - и бараме позицијата премиер да припадне на еден од нас и да нѐ поддржат сите заедници. Нашата историја во Кичево е доказ дека заедно можеме да постигнеме сè. Прв албански градоначалник на Кичево во 2013 и прв албански премиер на Северна Македонија во 2020 година. А веќе во 2024 година сѐ ќе биде подобро, поразлично, по еднакво“, рече Деари.

Првиот албански премиер, како што вели, ќе биде премиер за сите и ќе даде сѐ од себе за подобрување на животот на сите граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега