Дедо со џип излетал пред Охрид - бабата со тешки повреди во болница

Тешки телесни повреди заработил 76 годишен стружанец и неговата 75 годишна сопатничка откако вчера пред 15 часот излетале со џип на патот меѓу селото Подмолје и автокампот „Андон Дуков“, информира МВР.

„На 28.11.2021 во 14.50 часот на регионалниот пат помеѓу с.Подмолје и влез за  автокампот „Андон Дуков“, патничко возило „ландровер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(76) од Струга излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката С.Т.(75) од Струга, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“. Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Охрид.“ – велат од МВР.

29.11.2021 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега