ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ манипулира - никогаш немало повеќе асистенти
Oд новата учебна година за прв пат образовни асистенти ќе има и во средните училишта, благодарение на законското решение предложено од Владата за поголема инклузивност во образованието, соопшти ВМРО-ДПМНЕ по барањето на СДСМ за ревизија на огласот за образовни асистенти
„Ангажирањето е транспарентно и не го врши МОН, туку самите училишта со ресурсни центри, дел од кои беа поставени токму од СДСМ. Асистентите се ангажираат на определено време, според реалните потреби пријавени од родителите и секоја година аплицираат повторно. СДСМ постојано задира ранливи теми и со лажни вести предизвикува вознемиреност. Но, тоа нема да помине. Лажните душегрижници се во опозиција. Затоа го молиме СДСМ, кој го остави образованието без учебници, да учи како се развива образованието и да го поддржува“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ ја обвини министеркта за образование Весна Јаневска дека направила хаос со образовните асистенти и на штета на децата со попреченост.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа