Дедото на Данка за убиецот на неговата внука: Кој можеше да знае дали воопшто нешто ќе открие


Срѓан Јанковиќ, второосомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ беше сослушан пред Вишото јавно обвинителство во Заечар, а сега по тој повод се огласи и дедото на убиеното девојче.

„Знам дека е закажано повторно судење на еден од убијците на мојата внука, но не знаев точно кога, а кој можеше да знае дали воопшто нешто ќе открие, еве колку време помина“, изјавил дедото на девојчето од Бор, по што кажа како се чувствува неговото семејство сега по повеќе од два месеци од трагедијата што ги снајде.

„Како да бидеме, животот мора да продолжи, но на сите им е тешко, особено на Ивана“, кратко рече тој.

Јанковиќ пред Обвинителството изјави дека не учествувал во убиството на Данка Илиќ, што наводно се случило на 26 март во Бањско поле.

„Тој ден воопшто не го видов девојчето, всушност никогаш во животот не сум го видел“, наводно рекол Јанковиќ на рочиштето.

05.06.2024 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега