Приведени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар

 

Полициски службеници попладнево лишиле од слобода две лица во Куманово и Тетово, поради постоење основани на сомнение за предизвикување на пожар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Денеска во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(57) од Куманово поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело "предизвикување на општа опасност". Имено во населбата Рајкова куќа кон с.Никулски пат предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило "ауди", напуштена куќа и ниви. Исто така во 20.00 часот на место викано Брест атар на с.Челопек полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.М.(41) од с.Челопек поради постоење основи на сомнение за подметнување на пожар, стои во соопштението од МВР.

Од МВР, информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.

14.08.2025 - 21:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега