Дел од Скопје остана без вода

 

Поради дефект на приклучна цевка на улица 28/43 Радишани, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Радишани, Љуботенски и Раштански Пат.

Од ЈП Водовод и канализација –  Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:45 часот.

ЈП Водовод и канализација соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата на дефектот.

 

08.08.2022 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега