Делови од неколку општини утре без вода

 

 

Поради плaнирани технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа, на ден 09.05.2023 година без водоснабдување ќе останат следните корисници:

– Поради дефект на затворач на бул. Видое Смилевски Бато бб (во близина на маркет Рептил), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Реонски Центар (висока зона) – населба ново Лисиче. (о. Аеродром) Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

– Поради изведување на водоводен приклучок ф-200 мм на ул. Христо Татарчев 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Христо Татарчев, дел од ул. Пушкинова, дел од ул. Петар Делјан и дел од ул. Борис Трајковски. (о. К.Вода). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

08.05.2023 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега